Америка се подготвува за ураганот Хилари, неколку области може да бидат поплавени

1692360379_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ураганот Хилари брзо се засили до категорија 4 и се очекува да дојде до копно во делови од Јужна Калифорнија денеска навечер и да донесе силна тропска бура.


Американскиот национален центар за урагани соопшти дека  Хилари ќе донесе ветрови со брзина од 230 км/ч до 4 часот наутро и се очекува да продолжи со брзо засилување  пред да ослабне. Сепак, сè уште ќе биде ураган кога ќе се приближи до полуостровот Долна Калифорнија во Мексико во сабота навечер и ќе се приближи до Јужна Калифорнија како тропска бура во недела.

Јужна Калифорнија не е погодена од тропска бура од 1939 година, соопшти центарот.

Мексиканската влада го прошири предупредувањето за урагани и тропска бура на север за делови од државата Долна Калифорнија, а исто така издаде и предупредување за тропска бура за делови од  Мексико.

„Обилните врнежи од Хилари се очекува да го зафатат југозападниот дел на САД до следната среда, а максимумот ќе биде недела и понеделник“, соопшти центарот за урагани.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK