Соединетите Американски Држави ѝ позајмија на Полска четири милијарди долари за купување оружје, потврди полскиот министер за одбрана.
„Имаме уште еден договор за заем со САД, кој помага за брза трансформација на вооружените сили на Полска во рамките на финансирањето на странските армии“, напиша полскиот министер за одбрана и вицепремиер Владислав Косињак-Камиш на социјалната мрежа Х.
„Сега, четири милијарди долари и вкупно 11 милијарди долари, САД и понудија на Полска оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана Патриот и хеликоптери Апачи“, додаде тој.
Камиш го опиша заемот како уште еден доказ за голема доверба и силен полско-американски сојуз.