Амбасада на Русија во Босна и Херцеговина: Нешто не е во ред со логиката на генералниот секретар на НАТО

Амбасада-на-Русија-во-Босна-и-Херцеговина-Нешто-не-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската амбасада во Босна и Херцеговина оцени дека „нешто не е во ред со логиката“ на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кога зборува за дестабилизирачкото влијание на Русија во Босна и Херцеговина.


„Од една страна, тој зборува за дестабилизирачкото влијание на Русија. Од друга страна, ја поздравува едногласната одлука во Советот за безбедност на ОН за продолжување на мисијата ЕУФОР Алтеа, која ја смета за стабилизирачки фактор. Како што е познато, Русија начелно ја поддржа оваа одлука“, се нагласува во нивното соопштението.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Сараево изјави дека е загрижен поради сецесионистичката и разделничка реторика во БиХ, но и за негативното руско влијание во оваа земја.

„Загрижени сме поради сецесионистичката и поделена реторика, како и надворешното влијание, особено Русија. Ова се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите“, рече Столтенберг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK