Првичните резултати од денешните парламентарни избори во Косово повторно покажуваат убедливо водство на „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти.
Според првичните резултати движењето „Самоопределување“ на Курти има убедливо водство со околу 42,3% од гласовите. На второ место е Демократската партија на Косово (ПДК) со приближно 21,6%, а потоа следи Демократската лига на Косово (ЛДК) со околу 17,3%. Алијансата за иднината на Косово (ААК) и другите партии остануваат под 8%.
Иако Курти повторно ја обезбедува првата позиција, резултатите не се доволни за самостојно формирање влада, па косовските медиуми јавуваат дека следуваат преговори за коалиција. Официјалните резултати се очекуваат во наредните денови.
Фото: Депозитотос