Албанезе ги критикува властите во Хонг Конг за налозите за апсење активисти

albaneze
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска ги критикуваше властите во Хонг Конг за гонење на двајца продемократски активисти кои сега живеат во Австралија.

Лидерот на Хонг Конг Џон Ли, вчера изјави дека осум продемократски активисти кои сега живеат во САД, Велика Британија, Канада и Австралија ќе бидат гонети доживотно бидејќи, како што рече, ја загрозиле националната безбедност.


Албанези рече дека неговата Влада е загрижена и разочарана што Хонг Конг издаде налог за апсење на постојаните жители на Австралија, Кевин Јам и Тед Хуи.

Тој додаде дека не се согласува со Кина во врска со апсењето на австралискиот новинар Ченг Леи, кој допрва треба да ја дознае пресудата по неговото судење во март минатата година под обвинение за загрозување на националната безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK