Активисти прекинаа театарска претстава во Лондон, петмина уапсени

Активисти-прекинаа-театарска-претстава-во-Лондон-петмина-уапсени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членовите на групата „Just Stop Oil“ ја прекинаа изведбата на претставата „Les Miserables“ во театар во лондонскиот Вест Енд, адаптирана од истоимениот роман на Виктор Иго, што доведе до интервенција на полицијата и апсење на пет лица.


На видеото што оваа група го сподели на социјалните мрежи се гледаат нејзините активисти како влегуваат на театарската сцена и бараат од публиката „да се придружи на бунтот“, но се слушаат и гледачите од салата како свиркаат и бараат активистите да го напуштат театарот, пренесува Би- Би-Би-Си.

Демонстрантите излегоа на сцената со портокалов транспарент и логото на нивната група, а потоа актерската екипа, по неуспешниот обид да продолжи со претставата, ја напушти сцената.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK