Актерот Метју Пери од серијата „Пријатели“, пронајден мртов

Актерот-Метју-Пери-од-серијата-„Пријатели-пронајден-мртов.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатиот актер Метју Пери, кој се прослави во улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, беше пронајден мртов во саботата во својот дом во Лос Анџелес, објави Ројтерс.


Пери имаше 54 години. Лос Анџелес Тајмс и ТМЗ, повикувајќи се на неименувани полициски извори, објавија дека Пери е пронајден мртов во џакузи.

NBV News, повикувајќи се на неименуван претставник на актерот и полициски извор, наведува дека славниот актер се удавил во својот дом. Ројтерс соопшти дека не може независно да го потврди извештајот.

Метју Пери е роден на 19 август 1969 година во Вилијамстаун, Америка. Детството го поминал патувајќи меѓу Монтреал и Лос Анџелес поради разводот на неговите родители.

Како тинејџер, тој сакал да сакал да стане познат тенисер, а кога во своите дваесетти се свртел кон актерството, ја добил посакуваната улога на главен актер во пилот серијата за која сите зборуваа и која денес е една од најпознатите ситком серии во светот – „Пријатели“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK