Ајкула уби 38-годишен маж од Австралија, сопругата: Тој живееше и дишеше за океанот


screenshot-2026-05-18-084438.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стивен Матабони, 38, почина откако беше нападнат од ајкула долга околу четири метри.


Нападот се случил околу 10 часот по локално време во саботата на гребенот Хорсшу, северозападно од популарниот остров Ротнест во близина на Перт. Матабони ловел риба со подводна пушка, со пријателите, на околу еден километар од брегот кога ајкулата го каснала за потколеницата. Полицијата го опишала нападот како „ужасен“.

Неговите пријатели го вратиле брзо на брегот, но службите за итни случаи не можеле да го реанимираат. Неговата сопруга, Ширен Матабони, го опишала како „неверојатен татко“ на нивните две ќерки и страствен рибар кој „живеел и дишел за океанот“.

Аматерскиот фудбалски клуб за кој играл, исто така, му оддаде почит
„Стивен беше посветен татко на нашите две прекрасни ќерки, едната која наполнува три години следниот месец и нашето четиримесечно бебе“, изјавила таа во соопштението, додавајќи дека „срцата на нивното семејство се непоправливо скршени“.

Таа го опишала како „неверојатно лојален, бескрајно дарежлив човек и некој што би ви го дал последното нешто што го има“. „Светот загуби еден навистина уникатен господин, а нашите ќерки загубија еден неверојатен татко прерано“, рече таа.

На Матабони му оддаде почит и аматерскиот фудбалски клуб Кингсли во северните предградија на Перт, за кого играше и каде што беше „сакан пријател на многумина“.

„Матас беше еден од најискрените луѓе што некогаш би можеле да ги сретнете. Имаше насмевка и присуство што би осветлиле секоја просторија и со задоволство ќе се сеќаваат на него сите што имаа привилегија да го познаваат“, напиша клубот на социјалните медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK