­

Аеродромот Хитроу цел ден ќе биде затворен поради прекин на струја предизвикан од пожар на трафостаница


2-15.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лондонскиот аеродром Хитроу денеска ќе биде затворен до полноќ по прекин на електричната енергија предизвикан од пожар во блиската електрична трафостаница што го снабдува, соопшти управата на аеродромот.


„За да ја заштитиме безбедноста на нашите патници и колеги, немаме друг избор освен да го затвориме Хитроу до 23:59 часот на 21 март 2025 година“, рече портпаролот, според Би-Би-Си.

Во соопштението се советуваат патниците да не доаѓаат на аеродромот и да ги контактираат своите авиокомпании за дополнителни информации.

Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се борат со пожарот во трафостаница во Хејс, кој е дел од Лондон.

Помошникот началник, Пат Голбурн рече: „Ова е многу значаен инцидент и нашите пожарникари неуморно работат во тешки услови за да го стават пожарот под контрола што е можно побрзо“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK