Адвокатите на Трамп известени дека треба да очекуваат обвинение против него

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Федералните обвинители денеска ги информираа адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека треба да очекуваат обвинение за нивниот клиент како дел од истрагата за обидите да се поништи неговиот пораз на изборите во 2020 година, јавија американските медиуми.

Адвокатите Тод Блумш и Џон Лор денеска беа примени од официјални лица во канцеларијата на специјалниот обвинител Џон Смит, јавија NBC и ABC. Адвокатите се информирани дека треба да очекуваат обвинение, јави NBC повикувајќи се на анонимни извори.



На 18 јули, Трамп соопшти дека добил писмо од јавниот обвинител Смит во кое го информирал дека тој лично бил вклучен во федералната истрага за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Тој ден, толпа приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот за да се обидат да спречат официјализирање на изборната победа на Џо Бајден.

Според неколку американски медиуми, Џек Смит веќе во своето писмо до Трамп му пренел дека подготвува три точки од обвинението против него, заговор против американската држава, попречување на официјалната процедура и одземање права.

Трамп, кој е голем фаворит во трката за републикански претседателски кандидат за 2024 година, веќе има две обвиненија против него, во случајот на доверливи документи земени од Белата куќа и за сомнителни исплати на поранешна порно ѕвезда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK