26 повредени лица во Турција при превртување на автобус со патници

5-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автобус со патници денеска се преврте во турската област Малати, при што 26 лица се повредени, но ничиј живот не е загрозен, соопшти локалниот гувернер.


Автобусот се движел од Бодрум кон градот Ван кога слетал во канал на патот Д-300 и се превртел, јавува турската НТВ.

На местото на настанот излегле итни служби, полиција и пожарникари.

Во автобусот имало 36 патници, а 26 лица се повредени и пренесени во две локални болници. Гувернерот на Малатија Седар Јавуз ги посети повредените во болница и им посака брзо закрепнување.

Тој изјави дека според првите податоци никој од нив не е во животна опасност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK