Тасевски: Тоа се деца што не добиле ќотек кога требало

sasho tasevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кога наместо ќотек на време, ќе дадеш на дете порше во невреме, со поршето ќе се забие во пет девојки кои не ги ни познава, а кои случајно биле пешаци кои си оделе по патека за пешаци. Или биле со неа во колата додека возела неконтролирано
Толку за ќотекот како воспитна мерка.
И дали треба или не треба?

И дали има ситуации кога е потребен?
Секако дека има.
“Една воспитна” нема врска со садизам и семејно насилство.
Преголемата слобода и семејна демократија доведе до тоа на младите ништо повеќе да не им е свето. Во ништо и во никого да не гледаат авторитет.
Во даскалите и родителите гледаат мравки, поради нивното слоновско его и воспитанието од дома дека им се може се.
Што се вели, ни Господ не им е авторитет.
Никој.


Ова гнило општество создаде младина без Бог или Алах, како сакате.
Кога имало повеќе девијации кај младите, ментални проблеми, депресија, самоубиства, убиства, дрога, насилство, педофилија, инцест, пред 45 години во бивша ЈУ кога е снимено она видео на кое сите либерално се разлигавивте колку е страшно што тогаш децата добивале воспитни или денес, кога никој не смее да ги чепне, оти тоа било контрапродуктивно ви се моЛам?
Зошто?

Оти некои неолиберални ретардирани европски конвенции го забранувале тоа или рекле НЕ СМЕЕ.
А истите тие ЕУ говеда, ќутат за оние шест илјади убиени деца во Газа за само 45 денови од почетокот на геноцидот врз Палестинците.

Наши средношколци изнајмуваат станови прават оргии и шмркаат кока. Тоа се деца што не добиле ќотек кога требало. Па ќе му текне на 15 години дека му е досадно што е роден како машко и ќе сака да смени пол.
Ја расчовечувате младината со преголема слобода. Оти сите не реагираат исто на таква слобода. Најчесто таа се злоупотребува.Од децата прави врвни манипулатори и пострашни нешта.
Затоа без лигавење.
Стапот секогаш има два краја.
Па и вашата ценета модерна либералност и европска финоќа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK