Полицијата ја ослободуваше Комунална хигиена.
Се закани дека ќе примени сила доколку Избраниот народ на чичо Сем не се смилува да ги даде ѓубретарките за да не плива градот во смет. Сите во државава зависиме од милоста на фамилиите вработени во ова претпријатие од ДУИ кога го водеше.
Ем ги вработувало, ем не одело на работа, ем земало плата.
Арно ама КОСАНА е малку будала и од почеток кога стана директорка водеше војна со нив. Не им попушташе бе. За многу работи.
И знам дека беше под огромни закани. Страотни. Од почеток. Се знам со неа 35 години.
Не е важно политички со кого е. Не е важно кој ја поставил. Ова е за Косана зашто е храбра жена која не може да гледа неред и кога некој и се курчи за да остане нередот
Важно е дека како жена директор застана пред оние кои мислат дека државава е само нивна и се во неа. Институциите, територијата, струјата, ѓубретарките, нашите животи. Дека не мора ништо да плаќаат зашто е нивно. Дека не мора ништо ни да работат, а да земаат плата, зашто се газди на се. А ви текнува кога им ја исклучија водата на кумановчани од Липково во 2001? Тоа е истата шема. Не смее никој да ги рчне. Оти нема вода, нема струја, нема ништо.
Не смее никој да се дрзне да им префрли било што зашто тоа е атак на нивната етничка супериорност и чистота. Е па Косана се дрзна. Мислите не е уплашена? Уплашена е ко и секој човек да е на нејзино место. Знам дека е иако тоа нема никогаш да го каже гласно на никој. Таква е. Има самодоверба пошто животот ја научил да се бори сама. Замислете што ја довело до тоа да побара интервенција на полицијата.
Најпосле Косана прима закани и како жена, кои нема да ги слушнете преку пароли гласно.
Што не реагирате и вие од невладините, феминистки и такамунатаму, кои обично реагирате на глупи постови на ФБ. Не само да јадете бурек дека жена не треба да знае да прави грав со ребра.
Еве ви крупна причина за реакција. Косана не само што е супер мајка на три ќерки, туку е и директор кој е под атак на орда етничко националистички мотивирани мажи на кои им се спротивставила жена. Во нивниот патријархат тоа е ерес.
Звучи смешно ама ви цртам за да сфатите.
До каде дојдовме, да те чуваат со полиција ако си решил да воведеш ред во претпријатие со кое претходно владееле фамилии и моќници на ДУИ.
Станавме измеќари и заложници на етнофашисти и феудалци кои ни ја украдоа сопствената земја. И градот во кој се родивме и израснавме.