Прво се понашаа најшабански кога добар работник ќе побараше покачување.
Му мантраа: Без секој се може!
Не ти се работи за 18 илјади? Оди си бе. Ќе има некој што ќе работи за тие пари. И тие најдобрите заминаа на печалба и не се вратија.
После кога оние кои сакаа да работат за 18000 побараа покачување и го добија истиот одговор од газдите, си заминаа и тие.
Летово само од десетина згради во маало заминаа на печалба во Хрватска и Малта околу 60 млади од 22 до 35 години. Бришка.
И така, на крај, ко имаше снемано наши деца за работа, говедата големи газди почнаа да увезуваат робови од Бангладеш, Пакистан, Авганистан, кои работат за 18000 и живеат баш како робови 20 души во еден стан или по разни интернати и штали.
До сега увезоа 2500 робови
Ќе увезувале уште, оти им се погодиле. Ни леб бараат ни вода… ни покачување.
Ќутат и работат.
Дојде животот… за нив.
За нас животот е на печалба. Сургун