Тамара Јованов: Да се буневме за името, како за елката, уште Македонија ќе се викаше државата

tamara_jovanov_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Да се буневме за името, како за елката, уште Македонија ќе се викаше државата.

Да се буневме за трошењето народни пари, како за елката, може и ќе имавме елка.
Ни скроија нов буџет во кој образование и животна средина скоро и да ги нема;
уште дебело си наплаќаат за патни трошоци за 118 пратеници;


го продаваат Чебрен на Грците за после тие да ни продаваат 3 пати повисока струја;
Бехтел и енка не’ олеснија за 2 милијарди и успат ни уништуваат културно богатство;
Охридско нема филтри за канализацијата;
Вардар е полн со пластика;
Евн ни наплаќа пристап до струја;
На плодните почви ни садат загадувачки сончеви панели (ќе ги јадеме кај и да е);
Маркетите не’ крадат и трујат едновремено;
Воздух немаме за дишење по градовите;
Болните од рак ги лечат со инфузија;

Болните деца со смс…
Ама нам лампиони ни фалат?
Дали навистина со лампионите мислите дека ќе може да заборавите што ни се случува и колку самите сме одговорни за тоа?
Ќе може, до следната сметка за струја.
Или уште полошата верзија – да го има барем тоа, па празници се, да се радуваат децата. Истите деца кои немаат воздух за дишење, болници за лекување и книги за учење!
Кој се задоволува со трошки и без нив ќе остане!
Инфо за аполитични: елката (како и животот) е политичко прашање!
Пс. А најјаки од сите се ботовите кои се фалат со крадоначалници кои им бетонизираат маала, не им собираат ѓубре, си местат тендери, ама битно, украсиле.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK