Тукушто го изгледав со внимание интервјуто на Гордана Јанкуловска. Колку и да е чудно да го гледаш Попетрески на МТВ (!? Не знам кога и зошто ја напуштил Алсат ТВ) а соговорник да му биде лице кое уште отслужува затворска казна, тоа е од помало значење за она што ми остави впечаток.
Прво, капата долу за интегритетот на Јанкуловска! Целата нејзина агонија, од начинот на кој ја судеа, одвратниот “конзилиум” во 9 месец на бременост (јас лично како жена тоа не можам да го заборавам), цунамито на омраза и мизогинија до достоинството што ги задржа за три години – сето тоа зборува за ретка личност.
За жал, таа никогаш порано не ја имаше можноста да ја покаже својата наобразба, интелигенција и елоквенција. Сега изгледа како жена со целосна зрелост и стоицизам на кој сите оние “мажишта” можат да и’ завидуваат и да учат од неа. Никола Груевски, а и неговиот наследник, не верувам дека имаат ваков профил (мекушци се).
Во секој случај, ги проголта солзите кога зборуваше за детето, но се држеше супериорно во однос на медиумските и политички замки. Со знаење и со аргументи.
Секоја чест. Срамот е на страната на оние (меѓу кои и новинарите) кои се иживуваа врз неа и со неа.