Во море на скандали во сите сфери (од судство до образование), омраза, пресметки, корупциски метастази, ДУИ-зација, мижење пред очигледното, итн. – јас веќе занемувам. Немам ниту волја ниту сила да зборувам, укажувам, опоменувам, делам совети…
Едноставно, ГОТОВО Е! Времето за мудрување и за дебати помина, ако некогаш и постоело.
Простете, ама се’ е кажано. Попусто. Сега ќе сркаме што сме надробиле или ни натуриле. Гадно е, одвратно, но тоа е.