Проф. Трајковски: Маските паднаа, илузиите се распршија – не не сакаат во ЕУ, не ни треба ни НАТО


trajkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маските паднаа, илузиите се распршија – не не сакаат во ЕУ, не ни треба ни НАТО. Не ни требаат издатоци од 750 милиони евра СЕКОЈА ГОДИНА за увоз на скапо западно вооружување и подготовка за војна против Русија, која патем не ни направила ништо лошо.

Трчајќи по Западот, не заразија со омраза и не претворија во вистинска Антирусија, без никаква издржана причина, загрозувајќи ја и нашата енергетска иднина. Во НАТО сме всушност само обични вазали, за да се заштитиме од нив самите, за што им плаќаме рекет, а не за да се заштитиме од Русија. Но, за таа намена ни беше доволно и Партнерството за мир.


Потребно е да се вратиме на политиката на неутралност, пријателство меѓу народите и мирољубива коегзистенција, а на внатрешен план да се потпреме на сопствени сили и да го придвижиме развојот на економијата.
Со годишно заштедените 750 милиони евра за оружје ќе.можеме да ги покриеме сите наши капитални инвестиции, вклучувајќи ја и енергетиката и земјоделството, од кои сега се откажуваме. Во најмала рака би го намалиле буџетскиот дефицит и задолжувањето.
Сега имаме таман прилика, заедно со Словенија да направиме референдум и да излеземе од НАТО, пред да крахираме финансиски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK