Проф. Трајковски: Ќе мора парламентот да донесе нов Закон за концесии и јавно приватно партнерство

trajkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сé досега ЕСМ и владата можеа да прават што сакаат со Чебрен. Меѓутоа, за договор за концесија на 67 години, ќе мора парламентот да донесе нов Закон за концесии и јавно приватно партнерство, бидејќи според важечкиот тоа не е дозволено.

Доколку ЕСМ сепак реши да го прекрши законот, надлежниот суд ќе мора да го поништи договорот, а виновниците да ги казни. Најдобро би било судот веднаш да донесе времена мерка за забрана на потпишувањето на таквиот договор.



Почитувани обвинители и судии, чесни пратеници на владеачките партии и на опозицијата, сега вие сте на потег. Само вие можете да го поништите договорот, односно да спречите донесувањето на штетен закон и да го спречите раскрчмувањето на ПАХЕ “Чебрен” на странска компанија.

Очите на целата јавност се завртени кон вас и очекуваат заштита. Доколку езерото Чебрен го стопанисува грчката компанија наместо нашата држава, следните 60 години нема да можеме да црпиме вода од него за наводнување на долна Пелагонија. За поскапата електрична енергија, 7 пати помалата добивка на нашата државна компанија ЕСМ, како и за важноста на проектот за енергетската „Зелена транзиција“ на земјата веќе зборувавме претходно.

Прилог: член 39 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство – https://faolex.fao.org/docs/pdf/mac203690.pdf

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK