Не можам да ја разберам опсесивната обземеност на Бугарите со Македонците.
Кога бевме дел од СФРЈ мислев дека е тоа заради големата разлика во економијата и слободата, па Македонија ја гледаа како развиен Запад.
Меѓутоа ова влече многу подлабоки корени, а продолжува и денес кога Македонија е мала и сиромашна држава.
Што е тоа што ги прави Македонците и Македонија толку посакувани за Бугарија?
Македонија нема никаква геостратешка вредност. Нема ретки минерали. Нема злато или дијаманти. Нема некои посебни климатски предности. Нема море.
Зошто има потреба Бугарија да ја одрекува посебноста на Македонците, нивната државност и јазик,
Што добива со тоа?