Зошто е проблематично внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот?
1. Затоа што Бугарите (тие кои се перципираат себе како Бугари на територијата на Македонија како и официјалните ставови на Бугарската држава) не го признаваат постоењето на Македонскиот народ и македонскиот јазик
2. Затоа што во ниту еден момент не се залагале за самостојна и суверена држава Македонија (напротив се обиделе да ја окупираат територијата на која живеат Македонци и да ја прикажат како своја)
3. Затоа што не ја признаваат традицијата на Крушевската република и не ги прифаќаат одлуките на Првото заседание на АСНОМ (напротив Крушевската република ја присвојуваат како своја творба, а ги негираат одлуките на АСНОМ).
Значи, за да се прифати внесувањето на Бугарите како малцинство во Преамбулата на Уставот е потребно:
1. Официјално препознавање и признавање на постоењето на посебен Македонски народ
2. Препознавање на оригинерното создавање на македонската државност.
3. Официјално препознавање на фашистичката окупација во време на Втората светска војна на просторите на кои живеат Македонци