Проф. Кулавкова: Ќе има ли крај озаконетово загушување на македонските граѓани?

kulavkova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ќе има ли крај озаконетово загушување на македонските граѓани? Да не забораваме дека со закон е предвиден, дозволен, па и заштитен увозот на токсичен и опасен отпад од странство повеќе од 14 г. Се’ додека постои тој закон ќе живееме во “гасна комора”.

Имаме легално труење. Ниту еден политички фактор не покренува иницијатива за укинување на тој закон и за забрана на увоз на опасен по живот отпад. Тука е и Охис, но и др. “невидливи” загадувачи. Дивите депонии се множат, а легалните не почитуваат стандарди. Медиумите не истражуваат. Урбанистичките планови се се’, само не хумани. Профитерите дивеат и ликуваат. Луѓето веруваат дека е до сообраќајот и огревот на дрва.


Ветерот ни остана единствен спасител. Нема критична маса за соодветна реакција и решавање на најгорливиот проблем.
Нам не ни требаат напалм бомби. Ние сами ќе се сотреме “природно”.

Ако е воздухот загаден, се’ е загадено, тоа е домино систем: и вода, и храна, и живот … Она кое не е случајно, намерно е.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK