Во Шведска, некој бегалец од Босна ловел риби со експлозив.
Ќе рокнел, ќе испливале испоумрени риби и ќе ги соберел.
Го фатиле, го уапсиле.
И морале да го пуштат, зашто немале закон за такво однесување.
Но!
Веднаш после тоа, донеле специјално закон токму поради тој случај.
Ова ми го раскажаа пријатели од Босна,
не знам дали и колку е вистинито,
но поентата е:
На ист начин треба да се донесе
некакво законско решение,
специјално за случајот Данела.
Да не се повтори.