Проф. Андовска: Тие може да се проблем додека не почнеш да ги читаш како селски буквар

darija andovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не се проблем отворените непријателства –
знаеш на што си.

Проблем можат да бидат привидните пријатели –
тие што те мразат само зашто постоиш,
оти си сето она што никогаш нема да можат
да бидат (а сакаат),агресивно амбициозни и трагично неспособни;
и оние, кои бодат нож во грб додека те гушкаат,
кои газат и јадат живи луѓе со реченицата
“се грижам за тебе”,
додека работат само и само за личен интерес.


Тие може да се проблем
додека не почнеш да ги читаш
како селски буквар.

После само ти се гади.
Ама не е проблем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK