Правило „3 МИНУТИ“ – кое СЕКОЈ РОДИТЕЛ треба да го знае/користи…
Помогнете им на децата да градат ДОВЕРБА на вистински начин.
Првите години од детството (0-6) го обликуваат човекот до крајот на животот, а улогата на родителите во тој период е најважна. Многу родители го забораваат ова, и несвесно прават грешки кои можат да имаат негативни последици за детето.
Затоа треба да одвоите три минути кои целосно ќе му ги посветите на детето. Прашајте го вашето дете како го поминало денот во градинка/училиште или слушајте внимателно кога ќе ви каже нешто. Во тие три минути можете да му кажете на детето приказна или да поминете време во прегратка, без разлика колку долго не сте се виделе, тоа може позитивно да влијае на развојот на самодовербата.
Имајте на ум дека правилото „3 минути“ не значи дека треба да поминувате толку време со вашите најмили во текот на денот, туку важи само за периодот кога не ги гледате некое време.
Без разлика дали сте се вратиле од работа, од продавница, од прошетка или сте го зеле детето од градинка/училиште – применете го ова правило.
Не ги игнорирајте вашите деца, не молчете и не жалете се за нешто пред нив! Само слушајте внимателно што имаат тие да ви кажат…