Имав статус дека барањето на Иницијативата Кој е следен за објавување на целокупната документација од истрагата е нереален и невозможен за исполнување бидејки се прибрано во предистрага и истрага е тајна и објавување е кривично дело.
Се појавија пар душегрижници, ги нарекувам професионални протестирачи, едната прво ми држеше лекции по право, каде тоа пишувало дека е тајна, па и да било тајна имало Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, па едно батенце улета да ме убедува дека не било така.
Во самиот Закон за слободен пристап, со член 6 е одредено кои информации не се опфатени со Законот меѓу кои и оние прибрани за потребите на истрага. Во принцип имам висок праг на толеранција и се обидов да појаснам, сепак не се сите правници. Се заебав, па дамата проба да ме хендла, иако нема интелектуален капацитет за такво нешто а на господинот му предложив чим не сум во право да објави инфо или документ од било која отворена истрага и да видиме што ќе се случи.
Поентата ми е, ако е тоа барање од неукост е сосема ок. Секој страв дека ќе има сценарио “кабелот е крив, пајакот е крив” е и те како оправдан, и имаме 35 години искуство и целосно право да дуваме на маштеница.
Но и покрај повеќе укажувања доколку ова барање опстои, тогаш се работи за интенција а таа е јасна. Да се испорача барање кое не може да се исполни, за да може да се вергла- ете нешто кријат. Барем јас така го разбирам.
А и по завршување на истрагата ОЈО нема да биде пазар и да ги дели документите. Прaво на увид ќе имаат бранителиоте но и оштетените. Веројатно се согласуваме дека оштетените се најзаинтересиранi да нема пропусти и се да биде кристално чисто и јасно.
Крајно предметот го работат од ОЈО Кочани, кои се најдиректно засегнати и имам максимална верба во нив.
ВМРО-ДПМНЕ на нај лош можен начин го менаџира и те како оправданиот гнев на народов. Се шиканираат луѓе, се обесхрабруваат да протестираат. Зашто? Зашто НЕ БИ протестирале, премногу гнев е акумулиран. Имало партиски инфилтрирани. Не се сомневам дека има. И? Ако утре партија од опозиција протестира ќе ги тепаат по улици ли? Народот има пrаво да протестира, да се собира zа поддршка. Има право, особено Кочанчани, на МНОООГУ работи моментално.
Максимална поддршка за Кочанчани и за студентите, а Вие политичари тргнете ги валканите раце, без разлика дали се ЗА или ПРОТИВ.