Мицковски: Абе нашиов претседавач на ОБСЕ ќе реагира ли на беџовите со Голема Албанија на градите на косовските војници?!

ivor mickovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Абе нашиов претседавач на ОБСЕ ќе реагира ли на беџовите со Голема Албанија на градите на косовските војници?!
Неверојатно е дека во зенитот на моќта на ДУИ, кога имаат “претседавач”, а наскоро и премиер, нивниот лидер се шета по домашни музеи полни со симболи на Голема Албанија, нивната опозиција се перчи со Голема Албанија и нивните пријатели од Косово се дичат со Голема Албанија.

Дополнително, во време на нивно владеење и држење клучни министерства, Бугарија се нафати со историски ревизионизам, негационизам и антимакедонизам, а нашите власти им ги европеизираа и прифатија антидржавните барања.
Дури и во Албанија се дозволи да ни го бугаризираат малцинството.


А во меѓувреме ДУИ се први на средбите на албанската дијаспора во Тирана и на домашните натпревари на албанската репрезентација, иако во македонската Албанец е капитен и имаме мултиетничка екипа.
Епа дечки, фактите говорат дека вие си го гледате само вашиот етнички и националистички гз, а државичево, државните интереси и нашиот напредок, ви се уствари манеризам, работно место, екстра заработка, а земјичево ви е територијална гаранција, како екстра соба во поголемото станче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK