ПРИФАЌАЊЕ ПА БОРБА.
Ако е само борба, без прифаќање, тогаш се создава силен револт. Тој револт те изместува од баланс. Те полни со лутина и немир. Те прави бесен и разочаран.
Те вади од баланс.
А балансот е важен за да борбата биде на долг рок. Да издржиш. Да бидеш мудар. Да бидеш фокусиран. Да не се истрошиш.
Напомена, под прифаќање не подразбирам помирување.
Не.
Не е добро и не е добро што не е добро 🙂
Но прифаќам дека не е добро.
Не се помирувам дека не е добро, но сега е така, не е добро.
И тоа прифаќање ти дава мир и свест.
Од таму дејствуваш да менуваш.
Пак енергично но со мудрост.
ЗНАЧИ ПРИФАЌАЊЕ ПА БОРБА.
А зошто борба?
Оти ако сме родени тука.
Ако одлучуваме да останеме тука.
Тогаш нема друго освен да се бориме за подобро.
Но мудро и на долг рок.
Со прифаќање и потоа борба до крај….до конечната промена.