Минимална плата – кога се „мешаат баби и жаби“📊
Во екот на расправата за минималната плата во Македонија и барањето за нето плата од 600 евра, еден од најчесто користените аргументи е дека „Македонија е заглавена на дното“ – со споредби на минималните плати со земјите од Западен Балкан. 📉
Во што е „мешањето баби и жаби“? Во два клучни концепта: нето спроти бруто плати, и паритетот на куповна моќ – ПКМ (Purchasing Power Parity – PPP). 🔄
👉 Нето спроти бруто плати
Еуростат, институција со неспорен кредибилитет, користи концепт на бруто плати (не нето), за да се елиминира влијанието на националните даночни и социјални системи. 📊
Да го земеме примерот со Црна Гора 🇲🇪, која според нето споредбите е на врвот во Западен Балкан со минимална плата од 600 евра. Но, во бруто споредба, Црна Гора е втора по Србија 🇷🇸, а Македонија 🇲🇰 не е на дното! Нетото е 600 евра наспроти 397 евра, но брутото во Црна Гора е 670 евра, а во Македонија – 586 евра. 💼
Зошто? Поради различните даночни и социјални системи. Во Црна Гора, минималната плата е двостепена: до V степен – 600 евра, за VIII и над – 800 евра. Кај нас, тоа би значело дека хигиеничар и медицинска сестра (ССС) би имале иста минимална плата.
Во Црна Гора нема придонес за здравствено осигурување тој е 0%, придонесот за пензиско е 10%, 0.5% за невработеност, а за плати до 700 евра – персонален данок е 0%. Тоа е многу пониско од Македонија. Но… затоа ДДВ-та таму е 21%, наспроти 18% кај нас. 📈
Значи, и Македонија може да ги зголеми платите со намалување на социјалните придонеси и персоналниот данок – ако го зголемиме ДДВ-то, што би довело до поскапување. ⚖️
Затоа е важен вториот концепт: паритет на куповна моќ – ПКМ 👉 Паритет на куповна моќ – ПКМ
ПКМ покажува колку можеш да купиш во една земја со истата сума пари, во споредба со друга – елиминирајќи ги разликите во цени и курс на валута. 🛒💶
Колку може да се купи со минималната бруто плата во Македонија? Според ПКМ, таа изнесува 1.069 евра!
И Македонија е далеку од дното. Македонија се искачува од 26. место номинално на 20. место во ПКМ во ЕУ+земји кандидати. 🇲🇰 ✨
Еуростат ги дели земјите во три групи: 1. Над 1.500 евра, 2. Меѓу 1.000 и 1.500 евра, 3. Под 1.000 евра. Според тоа, Македонија е во средната група – и не само што е пред Црна Гора, туку и пред Бугарија, Чешка, Латвија и Естонија.
❓Зошто 600 евра е преценета минимална плата?
Минимална нето плата од 600 евра би ја искачила Македонија во првата група по ПКМ (над 1.500 евра) – заедно со Германија 🇩🇪 и Холандија 🇳🇱!
❓Дали нашата продуктивност е на тоа ниво? Во анализата „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, се наведуваат фактори за пониската продуктивност: лоша инфраструктура, преголема бирократија, слаби институции, корупција… Но, нема одговор на фактот дека фирмите во странска сопственост и извозно ориентираните имаат продуктивност 4 (со зборови: четири) пати повисока од просекот! 🚀 Значи, и со лоша инфраструктура, слаби институции и корупција, се можело да се биде 4x попродуктивен. Кога така ќе биде кај најголем дел од фирмите, нема да разговараме за минимална плата од 600 евра – туку за многу повисока! 💪Извори за напишаното се тука 👇
📖 Еуростат:
https://ec.europa.eu/…/index.php/Minimum_wage_statistics
https://ec.europa.eu/…/products…/w/ddn-20260130-2
📰 Euronews:
https://www.euronews.com/…/minimum-wages-in-2026-which…
#МинималнаПлата #Македонија #Економија #ПКМ #Eurostat #EuroNews