Кире Михаилов: Ова е дефинитивно една од последните шанси за дали ќе не биде или не!


kire mihailov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почитувани, без разлика дали некој е ВМРО, СДС, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ, ЛЕВИЦА или било која друга партија, без разлика дали некој е Македонец, Албанец, Србин, Ром, Влав, Турчин или која и да е националност, оваа генерација мора да го идентификува како чесен или нечесен, како родољуб или предавник и никако поразлично.

И ДЕФИНИТИВНО, ШТО ПОБРЗО СУДОТ И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОЧНАТ ДА АПСАТ, ТОЛКУ ПОДОБРО ЌЕ БИДЕ ЗА СИТЕ‼️
Честопати ја споменувам оваа генерација и сега ќе дополнам дека оваа генерација или ќе промени многу, или ништо, средина нема.


Честопати пак многумина од моите пријатели, со право разочарани, кажуваат дека оваа генерација, за разлика од генерациите на илинденците и партизаните, тоа што го добила на “послужавник”, за жал, место да го зачува и надгради, поголем дел го уништи.

ЗА ЖАЛ, еве како изгледа реалноста засега!
Отстрана гледано, повеќе изгледа како оваа генерација колективно да не ја сака отколку да ја сака МАКЕДОНИЈА!

Како генерација добивме независна, самостојна, слободна и суверена МАКЕДОНИЈА!
ЗА ЖАЛ, дел од оваа генерација, во овие три ипол децении, криминално, дел по дел го раскрчми и приватизираше државното.
Засега – одговорност нула, газдите останаа да газдуваат, избрканите одвај да преживуваат!
ЗА ЖАЛ, дел од оваа генерација, во овие три ипол децении успеа Македонецот да го направи граѓанин од трет ред.

Засега – Македонецот сеуште се бори да се врати онаму каде му е местото во Македонија!

ЗА ЖАЛ, дел токму од оваа генерација, за пусти пари, во овие три ипол децении успеа да ни го засевери децениското, вековното, милениумското име МАКЕДОНИЈА, име за кое многумина дури и својот живот го дале.

Засега – кумот место да одговара по зандани, ене го, си ужива на јахти и стокатници во Дубаи.

ЗА ЖАЛ, дел од оваа генерација, успеа да ја направи Македонија лидер по смртност во време на короната – чумата на столетието.
Засега – др. Менгеле место да оди во затвор за неговата неспособност и крими тендери за вакцините, држи предавања како лидер обидувајќи се повторно да стане власт.

ЗА ЖАЛ, оваа генерација, сеуште не им дала можност на оние кои вистински сакаат, знаат и можат, а политиката сеуште ја креираат докажано излитени ликови кои доколку не се во затвор, требаше барем да бидат далеку од јавниот и политички живот.

Засега – оној кој некако влегол во политиката поради тате, бате, дедо или поради богатство е стручњак за се и од сите партии како Жиката Стојановски од општина Илинден кој беше 4 мандати градоначалник од ВМРО, а сега е кандидат од СДС.

Абе јас не знам како не му е срам ниту на тој Жика и сличните на него, ниту пак на тие кои ги кандидираат, а за жал, овој пример во огромна мера го отсликува нашето политичкото мочуриште во овие три ипол децении каде за жал најмногу опстануваат ваквите крокодили, а чесните не.
ЗА ЖАЛ, оваа генерација, дефинитивно, подитно мора да направи дистинкција помеѓу оние кои се ЗА и оние кои се ПРОТИВ својата држава, ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД!
ЗА ЖАЛ, оваа генерација, дефинитивно сеуште нема направено поделба на граѓани кои си ја сакале и ја сакаат МАКЕДОНИЈА и работеле и работат чесно, мудро, за плата, и граѓани кои едноставно кажано, ја уништуваат МАКЕДОНИЈА на било кој начин, без разлика дали ја предале, дали ја ограбиле, дали ја запалиле или што и да е друго!
Една гнасотија на еден Јуда може да засени стотици позитивни дела на стотици светци!
Дефинитивно, со промените кои ги најави премиерот набрзо и дечките кои ќе бидат идни градоначалници кои во огромна мера добро ги познавам, уверен сум дека ВЕДНАШ после изборите, заеднички ќе почнеме пожолчно да делуваме за да сочуваме што е можно повеќе!
ОВА Е ДЕФИНИТИВНО ЕДНА ОД ПОСЛЕДНИТЕ ШАНСИ ЗА ТОА ДАЛИ ЌЕ НЕ БИДЕ ИЛИ НЕ‼️
#ВечнаДаНиБидеМАКЕДОНИЈА
#ЗдравиЖивиСитеКоиЈаСакаатМАКЕДОНИЈА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK