НОВИ ВРЕМИЊА И НОВИ ДЕЧКИ ДОЈДОА
Џипот бил на “угледен” човек – КАЗНА БРЕ
Обезбедувањето било на претседателот на државата – дисциплинска и суспензија, а ако се утврди вина, ОТКАЗ БРЕ
Бил од тимот на премиерот, згрешил, ама многу наш бил, ваков бил – ЌОРКА БРЕ
Началниците биле од ВМРО, градоначалниците биле од ВМРО, министерот и директорите биле од ДУИ, директори и градоначалници биле од СДС, ама пратеник бил од СДС – ЌОРКА БРЕ
Бил Андон, бил Артан, бил Самараков, бил Груби, бил Македонец, бил Албанец, бил Србин, бил Влав, бил ваков, бил онаков, ама учествувал во криминал, корупција, реќет, не работел по закон и спротивно на интересите на граѓаните на МАКЕДОНИЈА – ЌОРКА БРЕ
Бил врховен судија, бил уставен судија, бил главен обвинител, бил ваков обвинител, ама земал мито и рекетирал – ЌОРКА БРЕ
Биле од неподмитливите од Левица, ама се заортачиле со извршителите – ЌОРКА БРЕ
Времето на недопирливите, времето на шерифите, времето на оние од власта, времето на “знаеш ли јас кој сум”, времето на “знаеш ли чиј син/ќерка сум”, времето на неказнивоста заврши
НЕЗНАМ НА КОЈ УШТЕ НЕ МУ Е ЈАСНО,
АМА ЗАВРШИ ВРЕМЕТО “КАКО ДО СЕГА”
#Loading…