Јованов: Секоја приказна има две, па и повеќе страни

tamara_jovanov_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секоја приказна има две, па и повеќе страни.
Вистината, скоро никогаш не е само на едната страна, туку почесто некаде во средина.
Решавањето проблеми во едно општество, бара разговор, дијалог, сослушување, искрен обид за разбирање, неретко компромис од сите инволвирани и договор, кој ќе осигурува дека сме рамноправни членови на општеството (ако веруваме дека секој човек треба да е тоа – рамноправен со другите во можностите и основните човекови права).

Верувањето дека само еден наратив е точен (секако сосема случајно нашиот), не само што не е извор на решенија, туку напротив, е извор на нови проблеми и конфликти.
Поларизираните екстреми ретко кога се холистичко решение за проблемите на општествата.
Попрво комбинациите на различни полезни елементи (еклектика), создаваат креативна целина, соодветна за сите делови од неа.


Затоа, кога ќе видиме дека во општеството постои конфликт, раскарани страни, треба да си освестиме дека:
1. Треба да седнеме на иста маса за разговор;
2. Да бидеме отворени за сослушување и разбирање на другите;
3. Да имаме на ум дека општеството треба да е фер кон сите;
4. Заедно да бараме прифатливи решенија;
5. Сите да бидеме подготвени за можноста за одредни отстапки, кои нема значително да наштетат некому, а би биле полезни за некои од инволвираните.
6. Да бидеме реални во очекувањата за можната брзина на промените;
7. Да ги предвидиме и превенираме ризиците;
8. Да направиме договор, кој сите ќе го почитуваме, за да си имаме дома во која сите може да го имаме потребниот квалитет на живот.

Секако, ова е возможно, кога на клучни позиции имаме луѓе кои знаат како да ги менаџираат процесите, луѓето, идеите и општеството во целина.
Земајќи предвид дека ги немаме со децении, сосема очекувано е да сме поделени, раскарани, да си ги вадиме очите и да не се разбираме, иако сме едвај веќе и една рака луѓе.
Дури не ја отвориме кутијата (не седнеме да се договориме), сите ќе бидат во право и никој нема да е во право.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK