Максимално поддржувам протести. Со срце ги поддржувам протестите кои ќе се оддржат утре во Кочани. Она што НЕ поддржувам се злоупотреби. Иницијативата Кој е следен има барање целата документација транспарентно да се објави. Сето тоа звучи супер и секој би го поддржал со еден сериозен проблем- документацијата е дел од истрага, која е тајна што значи во оваа фаза да се објави е кривично дело.
Во ред е во иницијативата ова да не го знаат, затоа и реагирам.
Но ако и после укажување остане тоа барање тогаш интенцијата е сосема друга- да се тврди дека нешто се крие! Не така другари и другарки!