­

Ивор Мицковски: ВМРО да направи стратешки сојуз со Северна Кореја, они нема на власт да се вратат


ivor mickovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку би сакал да им давам совети на оваа пропала опозиција, ама просто ме ужасава колку се празни.
Кога би биле реална опозиција и храбри луѓе, наместо Фондација на неколку криминалци, би увиделе дека имаат златна шанса да се борат за европски концепт, за принципи и вредности кои денес блатантно се газат.

Ама па, толку многу ги погазија тие вредности за криминал и ортачење со штеточинине од лажниот Европски фронт на Али Баба и Груби бегалката, направија толку лоши дилови со ЕУ (која прописно ни го начука) и така се лигави кон Калето, што ВМРО да направи стратешки сојуз со Северна Кореја, они нема на власт да се вратат.


Светот и државите допрва ќе градат опозиција на новото лудило и новите геополитички потреси, допрва ќе измислуваат нови наративи и борби, но ние тука сме авангарда зошто опозицијата, политички, културно и криминално се самоисклучи од секаква борба и иднина.

Таквите највеќе работеа и се уште работат за продорот и успесите на десницата.
Ваљда мртви се затоа што се свесни дека се политички умрени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK