30 саати гасиш пожар во станбена зграда зошо некој локален паметњакович си напраил во подрум магацин за пластика.
З лекари ни гинат на “автопат” затоа што патиштата ни се дамбетер од земјени улички.
Оние Бајрамовци крадеа струја во гаража на ГТЦ за пржење крипто.
Продолжува дивјачко градење по Водно и Центар со купишта дивоградби на моќници, никнуваат цели нови населби.
Цел главен град е депонија без инфраструктура.
Гледате, овде се бавиме со базична негрижа, како на властите, така и на граѓаните, како испреплетени црева сме од неодговорност, неред и негрижа.
Ред е потребен во оваа држава, а не кој што сака да прави или тој што треба – да не прави.