Игор Филевски: Зошто толку фама и чуденка од Конти?

igor filevski topki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мене не ми е јасно само едно:
Зошто толку фама и чуденка од Конти?
Народ ко народ и генерално и статистички, секогаш ќе сака што полесно да направи кеш.
Ништо невообичаено.

Има луѓе што лесно заработуваат и “си го ладат”, има луѓе што цел живот трчаат по истата заработувачка, не успеваат и страдаат.
Светски стандард.
Затоа и ваквите шеми, многу лесно “успеваат”, кај овие вториве.


Па само до пред една година беше Монти, пред 4 години беше Вонти, а претходно, Донти.
И секогаш иста приказна.
Иста шема.
Различни финти.
А на крај пепел.

Народ лесно се фаќа на јадицата.
На сите ни е тоа јасно и тоа не е ништо ненормално.
Но, потоа следуваат големите разлики.
Едни, размислуваат, анализираат, истражуваат, проверуваат па дури потоа носат одлуки.
А други лапаат се’ што им се чини дека изгледа како да се јаде… на еден, другар му му кажал, на друг, колегата му дал совет, третиот сам “сфатил” дека е топ заработка, брза и лесна.
Овде, во Малта, со шемава, здробија и Македонци и Срби и Албанци и Босанци и Бугари и Италијанци и Непалци и Индијци и Малтежани.

Истово се случи што и во Македонија.
Само што овде живеат многу националности.
Шемава не бира по националност или по пасош.
Шемава бира по глупост, по интелект, по алчност, по свесност.
Глуп и поглуп.
Само јас познавам шесторица овде на островот кои пепел ги сторија. Прво почнаа со 50 евра, па со 100, па 500 и на крај се полакомија со 3000 евра и останаа без сите пари.
Ама познавам и уште стотина кои исто така дојдоа во допир со шемава, но веднаш “кренаа раце” и гледаа што повеќе да информираат свои блиски, да не се залетуваат.
Некои послушаа, некои не.
И тоа е.
Нема тука плачење и кукање потоа.
Затоа, читајте книги, учете, образувајте се.
Секојдневно.
Колку и да сте возрасни, каде и да сте.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK