Зоран Витанов, ниту го познавам, ниту некогаш сум имал контакт со него. И никогаш не сум бил дел од некој негов проект, а имам чуено за Лајонес, на времето.
Одвреме навреме, кога читав вести поврзани со него, си формирав некое свое мислење, кое за жал беше базирано исклучиво на медиумските хајки, против него.
Од пред некое време, прво случајно, а сега веќе и плански, го следам и го слушам секое негово излегување во јавност, на социјалните мрежи, на поткасти, во интервјуа.
И веќе сум сигурен во едно:
Што повеќе го слушам, толку повеќе му верувам.
Да, токму така.
Толку повеќе му верувам!
И просто не можам да верувам како еден дел од јавноста, го осудува и пробува да го анатемиса!?
(ама само ми се потврдува колку еден дел од јавноста е комплетно неписмен и подводлив)
Човекот е исклучително прецизен, отворен и конкретен, бизнисмен и водач на проект со многу прецизна визија.
Имам само една енигма, зошто Зоран Витанов одговара на прашања од водители кои ниту ја разбираат проблематиката, ниту економијата, ниту самиот проект, а најмалку пак судските процеси.
А кога би го запознал би му дал само еден совет:
Да го гледа едно од познатите интервјуа на Анте Марковиќ, последниот премиер на СФРЈ, кога настапи рационално, со инжињерски пристап, во кое беше краток и прецизен, без непотребни флоскули. Одговорите на Марковиќ беа лаконски, често само со “Да” или со “Не”, за да се избегнат секакви шпекулации.
Најдов еден транскрипт, колку да поентирам со мојот пост вечерва:
1 Прашање:
Дали реформите ќе ја намалат инфлацијата? – “Да, од 56% месечно на 3% во првите месеци.”
Водителката, беше изненадена од краткиот одговор и имаше непријатна тишина.
2 Прашање:
Дали ќе има отпуштања во државните претпријатија? – “Не, но неуспешните ќе се приватизираат за да опстанат.”
И пак настана непријатна тишина, водителката мислеше дека Анте ќе продолжи, а тој само ја гледаше и молчеше.
И така се редеа уште неколку прашања во истиот негов стил, додека таа во еден момент се изнервира и го замоли да одговара малку со повеќе детали…
3 Прашање:
Дали е ова шок-терапија? – “Не, ова е стабилизација – динарот конвертибилен, трговијата слободна.”
4
Прашање: Дали политичарите од републиките ќе ве поддржат? – “Да, ако сите сакаат просперитет.”
Е тоа ми е поентата.
На Зоран Витанов му фали само уште тој детал, се’ друго околу неговата професија и проектот си ги има “во мал прст”.
Алал да му е.