ДЕСЕТ ГЛАВНИ ПРИОРИТЕТИ НА ИДНИОТ НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ НА ЛЕКАРИ И ДИПЛОМИРАНИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ
1. Бесплатна правна заштита на секој лекар кој ќе биде на било кој начин вербално или физички нападнат.
2. Обезбедување на колективно осигурување од евентуална лекарска или сестринска грешка на сите членови на Синдикатот.
3. Моментално израмнување на коефициентите за плата на лекарите и дипломираните медицински работници со тие на судиите, а до 2030 година изедначување на коефициентите за плата според стандардите на ЕУ членките.
4. Признавање на 6-те студиски години од Медицинскиот Факултет во вкупниот стаж (по теркот на неколку членки на ЕУ) со што ќе се овозможи постигнување на цела пензија за сите доктори.
5. Укинување на понатамошни приватни специјализации и јасно дефинирање на правилата и условите за специјализација на терет на работодавачот.
6. Регулирање на дежуратвата, правото за надоместок за одвоен живот и сместување за време на специјализацијата и супспецијализацијата.
7. Учество на работни групи од Синдикатот во изработка на новите наставни планови на МФ, СФ и програмите за специјализација и супспецијализација.
8. Постоење на Колективно претседателство со врзани потписи и право на вето во кое ќе бидат инкорпорирани претставници од сите сегменти на дејноста (дипломирани мед. сестри, матични лекари, општи лекари, специјализанти, специјалисти, болнички и клинички супспецијалисти).
9. Сите седници на Претседателството ќе се емитуваат јавно on line, на Teams или друга платформа, а за сите позначајни одлуки (протест, штрајк, бојкот) ќе се одлучува плебисцитарно со гласање.
10. Фиксна членарина за сите членови на Синдикатот за која ќе има 6-месечни извештаи за секој потрошен денар достапен на секој член.
П.С. Почитувани Колеги, секој дополнителен предлог е добредојден со цел да може да се инкорпорира во Статутот.
ВРЕМЕ Е ЛЕКАРИТЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ.