Др. Нико Беќаровски: Враќањето на дигнитетот на македонското здравство мора да започне од Клиниките во сегашниот кампус

niko_bekjarovski_@34243243423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Враќањето на дигнитетот на македонското здравство мора да започне од Клиниките во сегашниот кампус.

И.О. на “Хипократ” ги предлага следните #ИТНИ мерки:


1. Обединувањето на сите Клиники во еден правен субјект “Клинички центар на Република Македонија” е првиот предуслов за тоа.
Само врз таа основа секој месец ќе се заштедат (32х 2000€ =64.000€) од организационите директори и 160х200= 32.000 € од непотребните управни одбори, или ГОДИШНО 1.100.000 ЕВРА !!

Заштедата врз основа на колективни тендери за набавка би била околу 3.000.000 дополнителни евра
Овие пари ДА СЕ пренаменат за континуирана едукација на здравствениот персонал, со создавање на ФОНД ЗА ЕДУКАЦИЈА !!!

2. По интеграцијата на сите Клиники да се пристапи кон избор на Раководители на секоја УК, кој #исклучиво ќе се врши по пат на интерен конкурс од вработените кои имаат најмалку 20 години специјалистички стаж и наставно-научно звање.

3. Сите вработувања во секоја УК да ги врши #исклучиво Стручниот колегиум на секоја клиника, со стриктно почитување на сите критериуми.

4. Сите медицински сестри/техничари, лаборанти кои ќе дипломираат на Високата школа по автоматизам да им се признава стекнатиот образовен степен.

5. Ургентно решавање на статусот на сите ангажирани со договор на дело подолг од шест месеци.

6. Мораториум за сите понатамошни вработувања на административен кадар.

Време на реализација 31.12.2023

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK