Нема потреба од паника, само треба да се делува стручно и организирано.
Птичјиот грип, предизвикан од H5N1, е вирусна инфекција која главно се пренесува од птици на луѓе.
Главниот ризик за инфекција произлегува од контакт со болни или мртви птици, како и од површини контаминирани со нивните измет или плунка.
Леталноста кај човечките случаи е висока, со стапка над 50%, а во некои случаи достигнува и до 90%.
Иако преносот од човек на човек е многу редок, постои загриженост за потенцијалната способност на вирусот да се адаптира и да се шири помеѓу луѓето.
Симптомите кај луѓето можат да варираат од благи до тешки, најчести симптоми вклучуваат:
кашлање, треска, замор, главоболка и болки во мускулите или телото, ринореја, отежнато дишење…
Неретко и конјунктивитис (воспаление на очите) како симптом.
Инкубацијата на вирусот обично трае од 18 до 72 часа