Советот на јавни обвинители се дрзнал во услови кога има тотално разнишан легитимитет, да врши избор на обвинители во повеќе обвинителства низ Македонија.
Се разбира изборот е соодветен на моралното и стручно ниво на оние што избираа, па сосема очекувано меѓу избраните не е колешката Ленче Ристоска. Затоа напредувале обвинители за кои на пример, постои сомневање дека со работењето го оштетиле буџетот на РМ и да не набројувам понатаму бидејќи помалку сум уморен од зборување на темата.
Зборот ми е дека пораката што ја испратил Советот е дека нема место за квалитетни кадри во Обвинителството.
Проблемот е што квалитетните кадри во сите варијанти ќе си го најдат својот пат, ама клучните државни органи ќе останат окупирани од медиокритети.
Чарето е во длабински и сеопфатен ветинг и само политичката партија која ќе даде сериозни гаранции за тоа, ќе добие глас од мене.