Јас лично ја поддржувам праксата болни деца да не можат да се вратат на училиште без лекарска белешка, или доколку се третирало дома од полесна патологија како сезонска вироза, барем 3-4 дена отсуство од настава/градинка.
На болните деца им е место дома со родител или друг возрасен кој ќе се грижи за нив.
Проблемот кој да ги чува дома децата во таков случај не е на родителите од соучениците,туку само на родителите на болното дете, и сите го имаме, но тоа е друго прашање, зборувам за јавно здравје.
Ако ова го почитуваме сите, ќе има драстично помалку болни деца воопшто а со тоа и помалку отсуства, второ, голем грев е свесно да разболите други деца!