Да не должам многу и поедноставно да се изразам! 🙂
Оваа калаштурница, невкус и хаос во Охрид, кој моментално се случвит а се случвел и години наназад е срамота за сите нас почнувајќи од локалната самоуправа па се до сите државни институции кој на било кој начин се поврзани со ова безредие кое поттикнува една огромна лавина на некултура!
Трештење на кичерајска музика до 2 насабајле од сите страни во централното градско јадро
и вознемирувањето на сите охриѓани, домашни и странски туристи од кој повеќето дошле во потрага по мир, одмор и пријатно искуство е злочин спрема Охрид и спрема се шо овој духовен и културно-историски центар претставуват!