Не знам дали опозицијата и Груевски се свесни или се свесни и не им е гајле во колкав ризик ја ставаат Македонија шо се караат ко баби на Фејсбук.
Сакале или не, уставните промени мора да поминат преку вмро или да не поминат. Единствено тие можат, законски, да ги спречат. Не се случајни овие напади и поделби само не знам дали сфаќаат дека ова е поголемо и од Груевски и од Мицкоски и од сдсм и од вмро и од власт и од амнестија и од милиони или милијарди.
Ни се спрема етнoцид, а тие не можат егото и личните интереси да ги надминат.
Од сдсм не очекував и ништо друго освен ситење, тие и со ѓаволот, во случајот Груевски би се здружиле само да уништат шо можат. Истите луѓе кои направија кариери како “борци за слобода”, “борци против режим”, црвени буржуи кои немаа попаметна работа па им се глумеше бунт сега го бараат назад затоа што им се ближи затвор.
Груевски, ако се врати, ќе се врати во лисици. И директно во Идризово.