“Оној што не е способен да ја извојува слободата, нема право на неа” – Никола Карев
120 години од Илинденското востание, она што македонскиот народ го доживеа во нешто ситно над век среќни народи не го доживуваат со векови. Распарчени, етнички чистени, бркани од дома со напалм, негирани, систематски ништени и пак сме тука.
Од 1903-та Македонија ја окупираа три различни окупатори и сите ги испративме дома поразени.
Нашата генерација има несреќа на своја кожа да научи дека најлош е домашниот окупатор, полоши се пците на окупаторите отколку окупаторите, дека побрзо ќе страдаш пд “свои” отколку од некои туѓи.
И по 120 години македонскиот народ е повторно поробен. Не се сомневам дека за брзо ќе изгрее зората, а ако не сака да изгрее сонцето ќе ја запалиме ноќта.