Претседателката на Синдикатот на пензионери на Сител ги убедуваше пензионерите дека им е убо.
Верен приврзок на Заев и Цароска не се сомневам дека ѝ е добро. Со поскапувањата и неораведното зголемување на пензиите по ист процент (оние што добиваат помала пензија земаат помало покачување) пензионерите се ставени на раб на егзистенција.
И конечно станаа да се борат за своето достоинство па излегуваат вакви ликови на телевизија, поткопувајќи ја нивната борба.
Најголеми непријатели на слободата се задоволните робови. А ги има во секоја пора на општеството, во секоја група, секаде, ријат, поткопуваат, уништуваат и ништо не смее да се смени затоа што нив им е добро.
Работата е чисто за пари, Синдикатот располага со нешто под два милиони евра годишно (иронично од чланарина на пензионерите). Кои се резултатите од тие два милиони евра никој не знае ама време е пензионерите да прашаат.