Божидар Божиновски: Мал бyгapcки Монмартр – или она шо беше битолски

bozinovski_bozidar_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мал бyгapcки Монмартр – или она шо беше битолски.

Не знам дали е намерно или не ама лани добија само 1000 евра од министерство за култура, шо е навистина срамота. Затоа годинава како благонадежни припејди добија средства од разни бугарски агентури да организираат, а и сигурен сум добро да наплатат за то некаков Монмартр и турнеја заедно со децата кај Румен Радев, истот Радев кој тврди дека во 1945-та сме измислени и дека нѐ постоиме.


Децата ви се сликани со чоек кој тврди дека родителите не ви постојат. Со кој ум ги пуштаат децата не знам ама за организаторите знам, не се деца и многу добро знаат што прават.

Дали ова со 1000 евра од министерство беше само игранка (познавајќи колку знаат да се гадни и на кои се подмолни начини ја минираат културата во Македонија) да се предаде монмартрот? Поразително беше шо на отворањето беа и претставници на Општина Битола ко од Марс да се паднати.

Додуша Министерството доделува и други пари за изложби во Бугарија на уметници кои ја имаат совладано уметноста на цицање државни фондови, а уметноста не е само уметност во овие моменти. Да одиш на изложба и да те спонзорира Рајхот во 42-ра не е само уметничка донација туку соработка со окупатор.

Културата гради мостови ама треба да си стварно глуп да изградиш мост преку кој ќе пуптиш варвари да пробаат да те уништат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK