Во турско беше најлесно да се потурчиш, во српско да си “За краља и отаџбину”, во бугарско да си со окупаторот.
Секогаш било најлесно да свиткаш кичма, то шо го викаат “реална политика” им е само изговор за нивната безрбетност.
Лудост било да тргнеш против Османлиската Империја, моќна, а пак желбата за слобода била поголема.
Лудост било да тргнеш против Рајхот кој газел сѐ пред себе, а пак во таа “лудост” се роди Македонија.
Да ги имавме овие шо ја гледаат “реалноста” на меѓународната политика уште ќе бевме бановина.
Не барајте изговори и фрази со тежина, ако сте за уставни измени има само еден термин – предавници. Може не можете да се соочите со тоа ама тоа е реалноста, што толку ја љубите.
“Да бидеме реални. Да го направиме невозможното” – Че Гевара