Цело тело бурно ми реагира (вклучувајќи и нагон за повраќање)
кога само, ама само ќе помислам
да кажам дека сум нешто што не сум.
Како кога ми велеа да извадам бугарски пасош за да немам проблем со престојот во Швајцарија.
Претпочитам да имам проблем и да се цимам подолго, отколку да ми се превртува желудник оти треба да кажам дека сум нешто што не сум.
Истата реакција ја имам кога ги слушам окупаторите на Македонија,
без разлика дали внатрешни или надворешни, нивните апологети и промотори, вклучувајќи ја и “историската комисија”.
“Ај потпиши дека си коњ, кога не си коњ.”
Јас сум Македонка.
Мајка ми е Македонка.
Татко ми е Македонец.
Бабите и дедовците ми се Македонци.
Мојот мајчин јазик е македонски.
Гоце Делчев е Македонец.
Илинденското востание е македонско.
Ова е Република Македонија.
Поздрав до сите што потпишале дека се коњи,
а живеат како пијавици.
(со должна почит кон коњите, тие се прекрасни животни)