Адвокат Јошевска Атанасовска: Запросувањето е главната драма денес, а не висината на казните

suzana_joseska_345345435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во предметот “Софтвери” јас сум бранител на “обичен граѓанин” не на избрано или именувано лице односно на функционер. Сепак, нема ништо “обично” околу мојот клиент-тој докажано е вонредно стручен информатички инженер, професор, доктор на науки, еден од најдобрите во својата област. Self made-со свој труд постигнал се’, ничиј син или внук.

Тоа што сме шокирани од досудената казна е малку важно во моментов.


Тоа што треба да му биде важно на секој граѓанин е нефер борбата преку постојано омаловажување на процедурата низ чие густо сито задолжително треба да помине секој доказ за да се стигне до осудителна пресуда.

Она што треба да го плаши секој граѓанин е отсуството на барање од страна на судот за строго почитување на протоколи и процедури за да можат резултатите од нив да се наречат ДОКАЗИ па дури и под закана на пропаднати обвиненија.

Денешната пресуда е потврда на една многу опасна пракса која никако да се искорени од кривичниот систем, а тоа е отсуство на СУШТИНСКА контрола од страна на судот над работењето на полицијата кога прибира докази. Потврда дека сеуште постои нераскинлива врска на беспоговорна доверба меѓу полиција-обвинителство-суд.

Докази се прибрани од страна на полициски службеник надвор од било која процедура, но денеска добивме пресуда врз основа на нив.

Тоа треба да го плаши секој граѓанин. Секој, подразбира и оние кои се дел од правосудниот и полицискиот систем. Бидејќи тоа што денес го толерираш утре може да дојде по тебе.

Од друга страна, со денешната пресуда мојот клиент, кој има не само професионален, туку и беспрекорен личен углед, доби построга казна од лица кои без проблем имаа можност да тргуваат со богатство за да добијат полесна казна, а никој не испита како стигнале до такво богатство за 10 години како државни функционери и јавно се потсмеваа на целиот казнен систем со т.н “затворски туризам”.

Затоа правосудството кај граѓаните се перцепира како ВИЦ.

Запросувањето е главната драма денес, а не висината на казните.

Фото: ФБ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK